Реал Мадрид гази сè пред себе: Нанижа 12 победи по ред

Кошаркарите на Реал Мадрид вечерва ја забележаа 12-тата победа по ред во Евролигата сезонава, откако на гостински терен го совлада Лион-Вилербан. 

„Кралевите“ во првите пет кола од сезоната имаа две победи и три порази, а последниот беше од Баерн Минхен пред да почне оваа фантастична победничка серија. Џордан Мики и Руди Фернандез со по 18 поени беа најзаслужни за победата на шпанскиот тим.

Панатинаикос ја изненади ЦСКА Москва славејќи на гостински терен со 106-102 по едно продолжение.

Лидерот Анадолу Ефес го задржа првото место со триумф од 101-82 против Химки. Ефес и Реал имаат идентичен скор од 14 победи и три порази по 17 одиграни кола.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Милано - Зенит 73-72
Валенсија - Алба Берлин 91-77