Реал ја раситни „стотката“ против Химки

Во рамките на 26. коло на Евролигата, Химки го угости Реал, актуелниот шампион на Европа рутински славеше со 75-100 и со тоа ги згасна надежите на Русите за пласман во плеј-офот.
 

Химки му парираше на Реал само во првата четвртина, која сепак гостите ја добија со два поени позитива. „Кралевите“ беа феноменални во втората четвртина и уште на паузата заминаа со 13 пеони разлика.

Избраниците на Пабло Ласо одиграа рутинско второ полувреме, ја зголемуваа и онака големата разлика до самиот крај и успеаја да запишат нов триумф.

Фабио Козер беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени, 15 додаде Руди Фернандез, 12 имаше Габриел Дек, додека 11 запиша Треј Томкинс. Кај Химки најефикасен беше Алексеј Швед со 21 поен, додека 15 додаде Малколм Томас.

Реал со оваа победа останува на третата позиција со скор 20-6, Русите имаат 9-17, па јасно е дека нема да учествуваат во доигрувањето.