Официјално: Калиниќ се врати во Звезда

Српскиот репрезентативец Никола Калиниќ е трето засилување за Црвена Звезда во пресрет на новта сезона.

Денеска белградскиот клуб објави дека е потпишан тригодишен договор со искусниот крилен играч кој по трет пат во својата кариера ќе биде член на Црвена Звезда чиј дрес последен пат го носеше во сезоната 2021/22. Претходните две сезони Калиниќ ги помина во Барселона со која лани ја освои титулата во АЦБ лигата, но оваа не успеа да се закити со ниеден трофеј.

Во претходните два наврата во кои беше член на Звезда, Калиниќ освои вкупно шест трофеи (две тројни круни), а сега треба да претставува еден од лидерите на тимот. Пред Калиниќ, Звезда се засили уште со Урош Плавшиќ од Мега и Ајзеа Кенан од Олимпијакос.