Од осум најгледани мечеви во Евролигата – сите осум се на Партизан!

„За други се навива, Партизан се сака“ е славна парола на сите приврзаници на белгрдските црно-бели, која баш се поклопува со една неверојатна статистика, од осумте најгледани мечеви во историјата на Евролигата – сите осум се на Паризан.

Навивачите на белградскиот гигант и на последниот меч во убедливиот триумф над Олимпијакос ја исполнија Арената во Белград, направија фантастична атмосфера, а четата на Жељко Обрадовиќ е на чекор до пласман во четвртфиналето во најсилната европска кошаркарска лига.

Преку 20.000 гледачи имаше на трибините, а убедлив рекорд засега е дуелот од 2009 година кога Партизан – Панатинаикос, чиј тренер тогаш беше Обрадовиќ го гледаа 22.567 гледачи.

Зад овој меч кој е рекорден во Евролигата е дуелот од сезоната 2013/14 на Партизан со Реал Мадрид (21.347), па следи мечот со Макаби (21.367) во сезоната 2009/10, потоа пресметката со ЦСКА Москва (21.359) во сезоната 2008/09, повторно со Макаби (20.783) во сезоната 2009/10 и три од актуелната сезона, со Олимпијакос (20.003), Фенербахче (19.661) и Макаби (19.011).