Неверојатно: Кошаркар на АЛБА Берлин погоди 254 тројки од 259 обиди (ВИДЕО)

Швеѓанецот Маркус Ериксон е еден од најдобрите тројкаши во европската кошарка. Неговиот клуб АЛБА Берлин објави видео од еден тренинг на Ериксон на кој шутира само тројки. 

Успеа да реализира неверојатни 254 тројки од 259 обиди, што значи дека утна само пет пати. Ова е неверојатно постигнување дури и за еден тренинг.