
„Навивачите на Црвена Звезда се најголемиот срам за Евролигата!“
Тој беше напаѓан првенствено поради лошото минато со српските тимови и репрезентација, но и поради кавгите со судиите во текот на сите 40 минути По средбата, Атаман ги нападна популарните „Делии“.
„Додека бев во Белград сфатив колку добра атмосфера прават нашите навивачи и колку добро се однесуваат за разлика од другите. Навредите кои ги добивав од фановите на Ц. Звезда за време на целиот меч во Белград се срам за спортот и за целата организација што стои зад Евролигата“, изјави Атаман.
Турскиот тренер имаше контроверзни изјави против Србите додека беше тренер на Галатасарај, а како селектор на Турција имаше конфликт со српскиот предводник, Светислав Пешиќ, за време на квалификацискиот меч за Мундобаскетот.