Монеке на чекор од Белград, Партизан ќе плати 900.000 евра
Басконија бараше 1,5 милиони евра за нигерискиот кошаркар, меѓутоа Партизан успеал да ја намали цената и ќе плати „само“ 900.000 евра.
Монеке во минатата сезона во дресот на Басконија постигнуваше во просек по 13,6 поени, 6,6 скокови и 1,4 асистенции.
Крилниот центар во минатото го носеше дресот на Монако, Сакраменто и други екипи.