
Кошаркар на Ц. Звезда „газеше“ по Лионел Меси во победата над Басконија (ФОТО)
Тоа не беше поради просечната партија, ниту повредата поради која не настапи во вториот дел, туку поради патиките што ги носеше. Тие беа специјално дизајнирани со ликот на Лионел Меси во моментот кога го бакнува златниот пехар освоен на СП во Катар.
Вилдоза во кошарката е меѓу најдобрите во својата земја, но тоа не го спречува како мало дете да се радува што може да настапува во спортска опрема со ликот на својот херој, што, пак, е уште една потврда на божествениот статус кој го има Меси во земјата на „гаучосите“.