Клубот потврди: Луиџи Датоме и официјално го напушти Фенербахче (ФОТО)

Набргу откако беше потврдена разделбата со тренерот Жељко Обрадовиќ по седумгодишна соработка, Фенербахче денес го потврди крајот на соработката и со еден од неговите најдобри кошаркари, Луиџи Датоме.

Датоме помина пет години во Фенербахче, ги освои најголемите трофеи со овој клуб (Евролига 2017, три шампионски титули на Турција, три домашни купови...), а според најновите информации, тој ќе ја продолжи кариерата во Олимпија Милано.

Ова е враќање на Датоме во италијанската кошарка по седум години, со оглед дека во раната фаза од кариерата играше за Сиена, Скафати и Виртус од Рим. Покрај ови клубови се испроба и во НБА-лигата, во дресот на Детроит и Бостон.