Катастрофа на Фенербахче во Литванија!

Кошаркарите на Фенербахче доживеаа невидена катастрофа во Каунас во рамките од Евролигата откако вечерва загубија со 38 разлика од Жалгирис (62-99) и тоа во меч на кој прашањето за победникот беше решен уште по првата четвртина.

Жалгирис одигра неверојатна четвртина која ја доби со 24-7, па тие 17 поени разлика беа само вовед за катастрофата, а победата веќе не беше доведена под знак прашање, па во следните три четвртини Литванците само успеваа да ја зголемуваат предноста и да стигнат до преубедлива победа. За Жалгирис ова беше осма победа во 15-от меч, додека турскиот гигант веќе собра десет порази досега.

Рубит со 18 поени го предводеше Жалгирис, а Григонис даде 12, додека Хејнс, Милакнис и Гебен по 11. Кај Фенербахче прв стрелец беше Де Коло со 14, а Еди даде 12 поени.

Тежок пораз доживеа и берлинска Алба која загуби со 23 поени разлика (60-92) од Панатинаикос во Атина, а прва виолина на „детелинките“ беше Папапетру со 22 поени, а Недовиќ даде 13.

Милано во Истанбул го победи Ефес Пилсен со 72-69 во третиот денешен меч на кој Пунтер даде 18 поени кај победникот, а Мициќ погоди 20 поени за турскиот клуб.