Фенербахче го изненади Олимпијакос, Басконија ја сопна моќната Барселона

Фенербахче ја прекина серијата од порази, откако денеска славеше против Олимпијакос со 96-87, додека Басконија ја запре Барселона и ја совлада со 76-74.

Фенербахче играше одлично од самиот старт на мечот, па по првото полувреме имаше водство од 52-40, по што многу добро се држеше и во вториот дел од средбата и на крајот успеа да триумфира со 96-87.

Басконија имаше фантастичен старт и по првата четвртина стигна до водство од 21-15, кое на полувреме порасна до 47-31.

Во второто полувреме се сврте играта во корист на Каталонците, кои ја добија третата четвртина со 23-18, по што во последната се водеше голема битка на теренот, но Басконија успеа да победи со 76-74.