Евролигата го казни судијата кој ја оштети Ц. Звезда против Барселона (ВИДЕО)

Црвена Звезда остана без победа по големата грешка на судијата од Естонија, Оре Халико, кој не забележа дека Никола Миротиќ ја згазнал аут-линијата пред да постигне тројка која донесе продолженија.

Судијата ќе мора да паузира четири натпревари поради неговата грешка, која очигледно била ненамерна, меѓутоа мораше да биде санкционирана.

„Кога ја прими топката, Миротиќ ја згазна аут-линијата и тоа мораше да значи топка за Ц. Звезда на 3,3 секунди до крајот“, соопшти Евролигата.