
Двајца Балканци и кошаркар на Партизан во идеалната петорка на Евролигата (ФОТО)
Најдобриот евролигашки тим го предводи, Александар Везенков од грчки Олимпијакос. Бугаринот сезонава имаше 17,2 поени и 6,8 скока по натпревар, за што веќе ја доби наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец. Улогата на плејмејкер во идеалниот состав му е дадена на Лоренцо Браун од Макаби тел Авив, кој беше лидер на „гордоста на Израел“ со 16,4 поени и 5,5 асистенции.
Центарот на Партизан, Матијас Лесор, беше прв скокач на натпреварувањето (7,1) и втор по индекс на корисност (19,1) со просек од 12 поени по натпревар. Тој осум пати имаше дабл-дабл и е еден од само десетте кошаркари во последната деценија со просек од повеќе од три офанзивни скока. Тука е и некот на Реал Мадрид, Џанан Муса, кој сезоната ја заврши со просек од 15,2 поени по натпревар. Последен член на идеалната петорка е неговиот соиграч Еди Таварез, кој пред неколку дена ја доби наградата за најдобар дефанзивец. Таварез имаше просек од 10,9 поени, 6,6 скока и 2,2 скока.