Два од два за Димитријевиќ на стартот од Ендеса-лигата!

Екипата на Хувентус, за која настапува најдобриот македонски кошаркар за минатата година, Ненад Димитријевиќ, продолжуваат со одличните игри на стартот од сезоната, откако вечерва, како гости, убедливо го совлада тимот на Реал Бетис (78-57).

Тоа беше триумф за два од два во новиот шампионат за тимот од Бадалона, што ретко кој очекуваше со оглед на промените кои се случија летово и заминувањето на неколкумина од клучните играчи. Пресудна за победата на Хувентуд беше третата четвртина, која ја доби со 27-9.

Димитријевиќ во вечерашниот триумф помогна со пет поени (1/1 за 3п, 1/2 за 2п), на кои додаде и седум асистенции.