Драма во Турција: Тепачка на мечот меѓу Анадолу Ефес и Фенербахче (ВИДЕО)

Анадолу Ефес славеше со 95-73 против Фенербахче во вториот меч од финалето на турскиот шампионат, но дуелот го одбележа и една тепачка меѓу кошаркарите.

Освојувачот на Евролигата доминираше во поголемиот дел од натпреварот, кој беше прекинат на четири минути пред крајот поради инцидент на паркетот.

Најдобар во победничкиот тим беше Василије Мичиќ со 23 поени, додека Марко Гудуриќ постигна 13 за Фенербахче.