Драма во Каталонија: Барселона прокоцка +10, Милано со триумф си оди во Италија

Милано ја запиша 11. победа во елитната кошаркарска Евролига, откако вечерва на гостувањето во Каталонија славеше против Барселона со 75-73.

Почетокот на натпреварот беше израмнет, па така и првата четвртина заврши 14-14, по што Барселона го презема водството и го имаше до средината на втората четвртина (24-22), но потоа гостите од Италија со пресврт заминаа на полувреме (34-28).

Каталонскиот гигант отвори со неверојатна серија во вториот дел и избега на убедливи +10 (51-41), но Милано не се предаваше и на стартот на последната четвртина го скрши отпорот на Барселона (59-58).

Милано во претпоследната минута од натпреварот поведе со пет поени разлика (70-65), по што Барселона намали на 70-71, но гостите издржаа и славеа со 75-73.

Најдобар во екипата на Барселона беше Куриќ со 22 поени, пет скокови и една асистенција, додека Родригез беше најефикасен кај Милано со 18 поени, два скока и четири асистенции.

Барселона е лидер во шампионатот со 15 победи, односно еден повеќе од Реал Мадрид, додека Милано е на шестата позиција.

Фенербахче славеше во дуелот против Олимпијакос со 94-80, додека Баерн Минхен го совлада Жалгирис Каунас со 74-65.