Димитријевиќ ќе биде официјално промовиран идната недела

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра еден пријателски натпревар во дресот на Олимпија Милано, но уште не е официјално промовиран во својот нов клуб.

Актуелниот шампион на Италија закажа свеченост за 11 септември на која ќе биде претставен Димитријевиќ, но и останатите летни засилувања на клубот. Италијанскиот клуб летово ги донесе уште Фабиен Козер, Леандро Болмаро, Армони Брукс, Зек Ледеј, Усман Диоп, Џош Нибо и Дејвид Мекормак.

Своето деби за Олимпија Милано, Димитријевиќ ќе го има во рамките на италијанскиот Суперкуп, на 21 септември против Венеција.