Димитријевиќ ги збудале ривалите, но Хувентуд загуби од Сан Пабло (ВИДЕО)

Сан Пабло Бургос го совлада Хувентуд со 86-78 во борбата за пласман во плејофот на шпанската АЦБ-лига, додека македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше вистински кошмар за ривалите.

Хувентуд најави голема борба во мечот и создаде водство од 25-18, но нивниот ривал почна да се буди и со неверојатна серија од 13 поени направи пресврт од 31-25.

Сан Пабло Бургос го диктираше темпото до крајот на првото полувреме, кое го доби со 44-35, а потоа за момент екипата на Димитријевиќ намали на три негатива (41-44), но не можеше и до пресврт бидејќи домаќинот избега повторно на +8 (68-60).

Домаќините избегаа на +16 (76-60) и ја обезбедија победата, иако Хувентуд правеше напори за да избегне пораз, но тоа не им успеа, а Сан Пабло прослави триумф од 86-78.

Димитријевиќ беше најефикасен во тимот на Хувентуд со 16 поени, три скокови и пет асистенции, додека Риверо постигна 22 поени и шест скокови на спротивната страна.