ЦСКА ја тресна Гран Канарија, Ефес го совлада Олимпијакос

ЦСКА вечерва на домашен терен во Москва ја совлада Гран Канарија со 107-85, додека на вториот меч Анадолу Ефес славеше против Олимпијакос со 75-65.

Руската екипа тргна одлично во мечот, па по првата четвртина имаше предност од 29-20, додека до полувреме го зголеми водството на 56-42.

До крајот на средбата ЦСКА продолжи со притисокот, па постојано ја зголемуваше разликата и на крајот успеа да слави со 107-85.

Серхио Родригез беше најдобар кај домаќините со 18 постигнати поени, додека кај Гран Канарија најефикасен беше Ким Тили со 13 поени.

Во вториот меч вечерва Анадолу Ефес тргна лошо против Олимпијакос, но потоа се врати во игра и направи пресврт, па славеше со 75-65.