Црвена Звезда загуби по продолженија од Зенит, Басконија ја декласираше Барселона

Зенит ја запиша 12. победа во кошаркарската Евролига, откако славеше на гостувањето кај Црвена Звезда со 80-76, додека Барселона загуби од Басконија на домашен терен со 75-94.

Српскиот тим одигра добра прва четвртина во која имаше предност од 18-10, но водството полека почна да се топи и Зенит со одлична серија направи пресврт (29-21), додека на полувреме замина со 44-42.

Ц. Звезда имаше одличен старт на второто полувреме во кое стигна до 57-50, а водството го имаше и во текот на последната четвртина, но Зенит успеа да израмни во последните секунди (69-69), по што во првото продолжение го совлада српскиот клуб.

Барон беше најдобар со 25 поени, четири скокови и шест асистенции кај Зенит, додека Волтерс постигна 21 поен, пет скокови и шест асистенции за Ц. Звезда.

Барселона имаше предност само во првата четвртина која ја доби со 23-20, по што го загуби здивот на паркетот, а Басконија без проблеми ја тресеше мрежата на нивниот кош за на крајот да слави со убедливи 94-75.

Миротиќ постигна 19 поени и четири скокови за Барселона, додека Болдвин постигна 16 поени, два скока и осум асистенции за Басконија.