Ц. Звезда „покажа заби“ во Каталонија, но сепак загуби од Барселона

Вечерва во кошаркарската Евролига беа одиграни неколку натпревари, а на еден од нив славеше Барселона со 76-65 против Црвена Звезда.

Каталонскиот гигант влезе одлично во мечот и му дозволи на српскиот тим да постигне само шест поени во првата четвртина, а до крајот на првото полувреме Барселона зголеми на 39-22, со што Ц. Звезда речиси ги загуби шансите за изненадување.

Сепак, српската екипа во второто полувреме заигра многу подобро. По израмнетата трета четвртина (22-22), Ц. Звезда „покажа заби“ и се бореше до самиот крај, но успеа само да намали на 76-65.

Најдобар во победничкиот тим беше Миротиќ, кој постигна 23 поени, а Давидовац кај Ц. Звезда даде 12 поени.

Останати резултати:

Алба Берлин – Зенит Санкт Петербург 66-73
Милано – Жалгирис 98-92
Реал Мадрид – Фенербахче 94-74
Валенсија – Макаби Тел Авив 82-80