Браун ја сруши „својата“ Црвена Звезда во последната секунда (ВИДЕО)

Фенербахче славеше на гостувањето кај Црвена Звезда со 73-71 во рамки на 18.коло во Евролигата. 

Турците ја обезбедија победата преку Лоренцо Браун, кој постигна кош буквално со звукот на сирената и го порази својот поранешен тим. Американецот воедно беше најдобар кај Фенербахче со 13 поени, колку што постигна и Пјер Дишон. Во редовите на Црвена Звезда најмногу се истакна Џони Обрајант со 17 поени и 10 скока.

За Фенербахче ова беше трета победа по ред во Евролигата и сега се наоѓа на 13-тото место на табелата со 8 победи и 10 порази. Звезда е две места подолу со шест победи и 12 порази.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ 
Алба - Макаби 73-85
Панатинаикос - Зенит 77-89
Барселона - Валенсија 89-72
Басконија - ЦСКА Москва 95-93