Барселона го реши Реал Мадрид во кошаркарското „Ел Класико“

Барселона славеше во петтото коло од кошаркарската Евролига во „Ел Класико“ против Реал Мадрид со 79-72 и така го запиша четвртиот триумф сезонава.

Каталонскиот гигант имаше одлично отворање на натпреварот, а откако ја доби првата четвртина со 18-14, во втората беше поуспешен со високи 30-13, па на полувреме замина со водство од 48-27.

„Кралевите“ полека почнаа да се будат во второто полувреме, па Реал Мадрид ја „топеше“ предноста на противникот како минуваше времето, но ниту еднаш не успеа да направи пресврт и да го преземе водството.

Брендон Дејвис беше најуспешен кај Каталонците со 14 постигнати поени, додека во таборот на противникот, Треј Томпкинс постигна 13 поени.

На останатите натпревари Баерн Минхен го совлада Олимпијакос со 74-68, а Макаби Тел Авив по продолженија славеше против Химки со 89-87.