Австралија во второто полувремe го скрши Сенегал, порази на Црна Гора и Германија

Австралија како еден од фаворитите за висок пласман имаше потешкотии со Сенегал, но дојде до триумф од 81-68 во рамки на 2.коло во Групата Х на Светското првенство во Кина. 

„Кенгурите“ го скршија отпорот на африканците во второто полувреме и тоа најмногу благодарение на своите НБА-ѕвезди. Пети Милс со 22 поени беше најефикасен на паркетот, но на Џо Инглес му недостигаше една асистенција да има трипл-дабл со 17 поени, 10 скока и 9 асистенции. Јусуфа Ендоје со 13 поени и 10 скока најмногу се истакна кај Сенегал. Австралија по два натпревари има две победи во групата.

Во рамки на Групата Ф, Црна Гора загуби од Нов Зеланд со 83-93. Никола Ивановиќ со 18 поени најмногу се истакна кај Црна Гора, додека Никола Вучевиќ постигна 15 поени. Кори Вебстер со 25 поени беше играч на натпреварот кај Нов Зеланд, за кого ова беше прва победа по стартниот пораз од Бразил.

Германија и Доминиканска Република одиграа интересен натпревар во рамки на Групата Г, кој го добија Доминиканците со 70-68. Виктор Лиз со 17 поени беше предводник на победничкиот тим, додека кај Германците ниту 20-те поени на Денис Шредер не беа доволни. За Германија ова беше втор пораз во групата. 

Чешка ја забележа првата победа во Групата Е со 89-76 против Јапонија. Блаке Шлиб и Јаромир Бохачик  со по 22 поени најмногу се истакнаа во редовите на Чешка. Руи Начимура со 21 беше најдобар кај „самураите“.