Атаман: Што да славиме? Лесор скрши нога, навивач имаше срцев удар...
Панатинаикос го доби мечот со 104-69, но ниту еден навивач на грчкиот тим не можеше како што треба да се израдува на оваа победа. Причината е страшната повреда на Лесор.
Французинот лошо доскокна, падна во голема болка и почна да вреска. Публиката занеме, сите молчеа, многумина и плачеа поради страшната сцена. Информациите од Грција велат дека дури на девет фанови им била укажувана помош, на некои од нив им се слошило од тоа што се случи, а имало и такви кои добиле срцев удар.
„Што да славиме? Лоша среќа за Лесор, мислам дека ја скрши ногата. Целиот тим беше во шок по она што се случи. Некому на трибините му се слоши, доживеа срцев удар, натпреварот беше во прекин 10 минути. Се надевам дека Матијас и навивачот ќе оздрават“, реше тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман.
Ако се потврди дека се работи за скршеница, сезоната за Лесор ќе биде завршена.