Усик и Фјури 11 минути се гледаа во очи и поставија рекорд! (ВИДЕО)
На денешното традиционално соочување пред борбата, Усик и Фјури дури 11 минути се гледаа во очи по што мораше да бидат разделени бидејќи никој од двајцата не планираше да запре.
Поради оваа нивна тврдоглава игра ова стана најдолгото соочување во професионалниот бокс.
Усик му го нанесе првиот пораз во кариерата на Тајсон, па утре Британецот ќе сака да му се реваншира на моќниот борец од Украина. Мечот е во сабота околу 22 часот.