Арапите со 150 милиони евра сакаат да влезат и во Евролигата

Евролигата постојано се менува и подобрува, а наскоро се очекува во најквалитетното кошаркарско натпреварување да влезе и клуб од Обединетите Арапски Емирати.

„Мундо Депортиво“ пишува дека пред раководството на натпреварувањето во март ќе биде голема одлука за тоа дали ќе прифатат клуб од Обединетите Арапски Емирати меѓу евролигашите.

Како што открива медиумот, понудата која стигнала е 150 милиони евра за шест сезони, со услов да имаат тим во Евролигата, како и организација на Ф4-турнирот во 2025 и 2029 година.

На чело на проектот во Дубаи е Абдула Ал Набода, сопственик на кошаркарски тим и еден од најбогатите луѓе во земјата.