Алба доби кошаркарска лекција од Барселона, Зенит го шокираше Олимпијакос

Кошаркарите на Зенит од Санкт Петербург успеаа да слават против Олимпијакос во Грција во рамки на третото коло од Евролигата со 77-68 по продолженија.

Олимпијакос имаше предност од девет поени на стартот на првата четвртина, но Зенит успеа да се врати во мечот, па до крајот на првото полувреме се играше кош за кош и Русите заминаа на полувреме со предност од 38-36.

Грчката екипа во третата четвртина успеа да постигне само 11 поени и сите помислија дека Зенит лесно ќе слави, но Олимпијакос се врати во мечот и избори продолженија, кадешто рускиот тим беше подобар со 77-68.

На останатите натпревари Барселона славеше убедливо со 103-84 против Алба Берлин, додека Анадолу Ефес триумфираше против Валенсија со 83-78.