Кошаркарите на Вардар повторно ја одбранија титулата во македонскиот кошаркарски Куп во женска конкуренција, откако денеска славеа против големиот ривал Бадел со 50-40.

„Црно-црвените“ водеа голема борба во првите две четвртини против Бадел, а на полувреме Вардарки заминаа со предност од само три поени, односно 26-23.

Во вториот дел кошаркарките на Бадел тргнаа многу послабо, па тоа знаеја да го казнат натпреварувачките на Вардар, кои ги поставија конечните 50-40.

Кошаркарката на Вардар, Славица Наков поради нејзиниот одличен настап ја доби и наградата МВП за финалето.

Да потсетиме, женската екипа на Вардар ја освојуваше титулата и во претходните две години во кошаркарскиот Куп на Македонија.