Репрезентативецот Николовски сезоната ќе ја доигра во дресот на Работнички!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кирил Николовски (29 год., 210 см.), сезоната ќе ја доврши во дресто на Работнички, откако денеска со управата на 14-кратниот шампион ги договори сите услови околу идната соработка.

Формалноста околу потпишувањето на договорот се очекува да се случи вечерва или утре претпладне, пред неговото заминување за Словачка, селекција против која ќе настапи во дресот на Македонија во рамки на претквалификациите за ЕП 2021. Николовски ќе биде огромно засилување за ионака „тенката“ центарска линија на тимот од „Градски парк“ на патот кон враќањето во врвот на македонската кошарка.

За високиот центар ова е првпат да биде дел од Работнички, откако претходно во три наврати го носеше дресот на лутниот ривал МЗТ Скопје. Има играно и за Вардар осигурување и Фени индустри, а оваа сезона ја почна во Карпош Соколи, од каде си заминува поради финансиската криза во таборот на вицешампионот. Во игра за црвено-белиот дрес е и уште еден „соколи“ и тоа Драган Лабовиќ.