Поранешен селектор на Македонија (по)тешко повреден во сообраќајка на пат кон Гостивар!
Оваа вест денеска донесе загриженост на лицата кај луѓето во кошаркарските кругови во државата, кои со неверица ја примија информацијата за излетувањето од патот на поранешниот репрезентативец и еден од кошаркарите со најмногу настапи во дресот на Македонија. Србиновски во моментов е во една од скопските болници каде што ја добива најдобрата можна нега, а прогнозите на лекарите се дека во скоро време ќе успее пак да застане на нозе и да се врати на тренерската професија.
Според информациите до кои дојдовме, автомобилот во кој бил популарниот Марче бил уништен до непрепознатливост, а поранешниот селектор имал неверојатна среќа што минал само со повреди.
Да биде малерот поголем поврзан со прволигашките тренери доаѓа и информацијата за сообраќајна незгода на предводникот на Кожув и актуелниот помошник-тренер во македонскиот национален тим, Александар Јончевски. Тој вчера возејќи се на моторцикл беше удрен од товарно возило „Виктори Џиоти“, по што неговата сопруга минала со тешки телесни повреди, а тој минал нешто полесно иако потоа на двајцата им била укажана лекарска помош.