Ечи песната на „Фемили“: Срцево ми чука, цел живот сум тука! (ФОТО+ВИДЕО)

Како во старите добри времиња е атмосферата на денешниот меч на МЗТ Скопје против Морнар, откако на трибините се вратија најверните навивачи на кошаркарскиот шампион.

Околу 500 припадници на „Фемили“ направија одлична атмосфера, без престан пеејќи и бодрејќи ги своите миленици. Добро познатите рефрени ечеа во салата „Јане Сандански“, а како мелем за уши за сите следбеници на сино-белите делуваа зборовите „Срцево ми чука, цел живот сум тука“.

На големата поддршка од трибините одлично одговорија и избраниците на новиот тренер Жељко Лукајиќ, кои со максимално борбена игра го имаа водството и контролата врз резултатот во најголемиот дел од првото полувреме.