Пелистер мора да победи во Битола, но МЗТ гледа кон нова титула

Пелистер денеска од 18:30 часот го пречекува МЗТ Скопје со негатива од 0-2 во финалната плеј-оф серија во домашниот кошаркарски шампионат. 

Актуелниот шампион максимално го искористи домашниот паркет и славеше на првите две средби од финалето со идентична разлика од по пет поени. Битолчани денеска пред своите навивачи во салата „Боро Чурлевски“ мораат да победат за да ја продолжат серијата. Во спротивно МЗТ ќе се радува на четврта шампионска титула по ред или вкупно 11-та во својата клупска историја. 

Интересно е тоа што МЗТ последните две титули ги освои токму во финалето против Пелистер и два пати го крена пехарот токму во Битола. 

Ако Пелистер денеска победи и следниот четврти натпревар се игра во „Боро Чурлевски“, а доколку е потребно петтиот натпревар или мајсторката е во Скопје во „Јане Сандански“.