Охрид и официјално остана без кошаркарски прволигаш!

Екипата на ГКК Охрид е првиот патник во понизок ранг од кошаркарската елита, откако денеска го загубија клучниот натпревар на домашен терен против Кожув (55-89).

„Рибарите“ со ова ставија крај на едногодишниот престој меѓу најдобрите македонски екипи, со оглед што лани беа меѓу двата најдобри тима во второлигашката конкуренција. Охриѓани со овој пораз ги загубија дури и теоретските шанси за опстанок, па испаѓаат со пет победи и 22 порази, секако со уште еден меч за доигрување.

Кожув веќе има обезбедено опстанок, а вториот патник во Втората лига ќе се бара меѓу Академија ФМП и Вардар, кои во моментов имаат идентичен скор 6-20, а кои вечерва играат помеѓу себе.