Некогашниот вицепрвак го продолжи договорот со тренерот кој им обезбеди – опстанок!

Екипата на Куманово сезонава неочекуване наместо да се бори за највисок пласман, нешто на што беа навикнати навивачите на овој клуб во последните години, дојде во ситуација да игра во Плејаут лигата за опстанок, но и покрај тоа управата покажа задоволство од остварениот резултат.

Тоа најдобро може да се види од денешната информација од некогашниот вицешампион за продолжување на соработката со тренерот Владимир Мирковски, кој на полусезона се врати на клупата на кумановци.

„Мирковски ја врати екипата на победничките стази со што управата му ја додели довербата да ја води екипата и наредната натпреварувачка сезона. Тој се избори за опстанок во Првата лига и покрај финансиските проблеми со кои се соочи клубот“, изјавија од таборот на Куманово.

Кумановци сезоната ќе ја завршат на третото место одзади со учинок 10-19, односно ќе бидат првиот тим над линијата што означива опстанок во елитата. Овој клуб на три кола до крајот имаат исто толку победи повеќе од Ангели, но и подобар скор во меѓусебните средби што ги прави недопирливи во битката за останување во Првата лига.