МКК Куманово со историски триумф се враќа од гостувањето кај Шкупи
Ова е историска победа за кумановскиот прволигаш бидејќи е прва на гостински терен во елитната кошаркарска конкуренција. На досегашните четири меча, МКК Куманово загуби од ТФТ, Пелистер, МЗТ Скопје и Кожув.
До победата кумановскиот тим дојде на доминантен начин ако се знае дека постојано беше во предност, а единственото водство Шкупи го имаше во осмата минута од мечот и тоа со 12-11. МКК Куманово одговори со серија од 7-0, а на почетокот од вториот период веќе имаше и двоцифрена предност (28-18). Оттогаш до крајот Шкупи не успеа да се симне на едноцифрена негатива, па со самото тоа и победата на МКК Куманово не беше доведена во прашање.
Најдобар играч на натпреварот беше Урош Луковиќ кој постигна 22 поена и 19 скока за индекс 34. Трибл со 14 поени го предводеше тимот на Шкупи.