Кожув се засилува со доскорешен снајпер на МЗТ Скопје!

Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски наредната сезона ќе ги брани боите на гевгелиски Кожув, кој се натпреварува во Првата лига.

Последен ангажман за Симоновски беше тимот на МЗТ Скопје, со кого се раздели пред крајот на минатата година, а во текот на летово доби бројни понуди од неколку прволигаши, но на крај се реши за Кожув.

Претходно, во овој клуб пристигнаа Американците Џошуа Скот и Ентон Максвел, потоа хрватскиот центар Антун Маричевиќ, Шалев од Академија ФМП, како и Бешлиоски. Од кошаркарите кои беа дел од тимот минатата сезона останаа Караџовски и Пајиќ, а го напуштија Трајковски и Стајиќ, кои заминаа во Пелистер.