Костов ги обедини пехарите во Купот и порача: Сега одиме по титулата!

Бугарскиот интернационалец во дресот на Работнички, Чавдар Костов, ги собра индивидуалните трофеи на завршницата од Купот на Македонија, очекувано со оглед што беше убедливо најдобар во триумфот над Блокотехна во големото финале, а и во претходните два меча, против Куманово и МЗТ Скопје беше на вистина на задачата.

Бугаринот беше избран за МВП на завршниот турнир и истовремено и најдобар стрелец.

„Пресреќен сум, секогаш е прекрасно кога победуваш и освојуваш трофеи. Ова е сатисфакција за вложениот напор на тренинзите, играњето мали натпревари и правењето сѐ за да се дојде до посакуваната цел. Не застануваме на ова, сега со сите сили ќе одиме на титулата“, изјави Костов.

Во денешната битка за пехарот придонесе со 25 поени и 11 скока.