Кошаркар на МЗТ Скопје смртно настрада во тепачка во Ново Лисиче!
Тепачката се случила синоќа после полноќ на улицата „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, откако една вербална расправија се претворила во трагедија во која 18-годишникот го избодел кошаркарот на МЗТ Скопје. Настраданото момче со брза помош итно било префрлено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за да му биде укажана лекарска помош, но таму им подлегнал на повредите.
Напаѓачот бил експресно пронајден и приведен, а од полицијата објавија дека сега работат на расчистување на случајот.