И покрај понудата од матичниот клуб: Главчев и следната сезона во Академија ФМП!

Поранешниот македонски младински репрезџентативец и еден од малиот број кошаркари со остварен трипл-дабл на средбите од првата лига, Горан Главчев и следната сезона ќе го носи дресот на Академија ФМП.

Се уште актуелниот балкански шампион од времето кога настапуваше за Блокотехна, во екипата од Кисела Вода дојде кон средина на минатата сезона по кусиот престој во Работнички. Главчев летово имаше понуда и од неговиот матичен тим Кожув, но и покрај примамливата понуда реши да остане во скопската екипа, каде што брзо се наметна како еден од носителите на играта.

Бекот-шутер во март 2018 година на средбата против Струмица постигна 16 поени со по десет поени и асистенции, со што во тој момент стана само четвртиот македонски кошаркар со трипл-дабл ефект, по Горан Самарџиев, Тони Симиќ и Димитар Караџовски.