Гостивар се засили со квалитетен центар – репрезентативец на Грузија!

Македонскиот прволигаш Гостивар денеска го ангажира првото странско засилување за новата сезона и тоа грузискиот репрезентативец Георге Корсантија (24 год, 207 см), кој доаѓа од првакот на оваа земја, екипата на Кутаиси.

Станува збор за кошаркар кој одлично се снаоѓа под кошевите односно ги покрива позициите центар и крилен центар и кој се очекува да му биде од голема помош на новиот тренер Љупчо Малинков. Тој е второ засилување за гостиварци летово, по Максим Митевски од МЗТ 2, додека обновени беа договорите со браќата Димитриевски и со Војче Лефкоски.

Корсантија во грузиското првенство имаше просечен дабл-дабл со 17,4 поени и 10,5 скока, додека во квалификациите за СП 2023 настапи само неколку минути против Шпанија, додека двете средби против Македонија ги проследи од клупата.