Ѓуроски опериран по тепачката во Маврово, ќе паузира до - два месеци!
Играчот на Пелистер, заедно со неговиот брат Младен, кој е поранешен член на националниот тим на Македонија и уште двајца пријатели, биле нападнати од група туристи од Косово, со кои претходно имале вербален конфликт поради нивни прескокнување на редот на пред за ски-лифтот. Ѓуроски бил удрен со скија, поради што морал да биде опериран во една од приватните скопски болници.
Ниското крило сега се чувствува добро, но ќе мора да мине низ подолг период на рехабилитација за да се врати во потребната форма. Сериозноста на повредата на подлактицата на десната рака значи дека сигурно ќе го пропушти стартот на вториот дел од сезоната, кој е закажан за десетина дена, но најверојатно фајналејт-турнирот од Купот на Македонија, предвиден за средината на следниот месец. Дури ако опоравувањето мине идеално, „виси“ и неговиот настап во вториот квалификациски циклус за пласман на СП 2023, закажан за крајот на февруари.