Докузовски: Секогаш посебно уживам во победите над МЗТ Скопје!

Радост до ниво на еуфорија во таборот на Работнички по големата победа на гостински терен против вечниот ривал МЗТ Скопје, нешто што тренерот Марин Докузовски во следните денови ќе се обиде да го смири со оглед што до крајот на сезоната има уште многу да се игра.

Но, секоја победа против најлутиот ривал е драгоцена и слатка, што и самиот „Доктор“ го призна по вечерашниот триумф во „Јане Сандански“.

„Одигравме еден доста борбен натпревар, вакво дерби одамна немало. МЗТ Скопје има далеку поголем број на квалитетни играчи, а ние имаме проблем со измените. Исто така хендикеп ни беа и големиот број фаули. Притисокот беше на нивна страна, а ние она што се договоривме го испочитувавме. Со мали корекции можевме и помалку кошеви да примиме, но и вака е добро. Задоволен сум, секогаш посебно уживам во победите над МЗТ Скопје . Сѐ уште е рано да се зборува за првенството, меѓутоа ова дерби си е дерби, наше си е, мора да го почитуваме и да го сакаме. Не му дозволивме на противникот да се разигра, бевме дисциплинирани во одбраната и дојдовме до осмата победа“, изјави Докузовски.

Со овој триумф, Работнички и понатаму останува единствена непоразена екипа во домашниот шампионат со осум порази во низа.