Црногорецот Драговиќ е ново засилување на Пелистер

Македонскиот вицешампион Пелистер пред крајот на зимскиот преоден рок се засили со црногорскиот интернационалец Балша Драговиќ.

Драговиќ игра на позицијата 4, а висок е 208 сантиметри и заедно со Јуре Планиниќ треба да биде големо засилување под кошот на битолскиот тим.

Црногорскиот кошаркар веќе е во Битола и почна со подготовки, а се очекува да дебитира в сабота во дресот на Пелистер на мечот против ТФТ.