Антиќ гласаше на изборите во Србија да ја потврди ветената поддршка за Вучиќ (ФОТО)
Тој изминатиот период беше жестоко критикуван во македонските медиуми за директното вклучување во кампањата на партијата на претседателот Александар Вучиќ, за кого прво потпиша поддршка, па се појави на еден од неговите митинзи, а сними и спот во кој го промовира неговиот предлог за парламентарци. Антиќ не само што не се загрижи од револтот на голем дел од македонските граѓани, ниту од забраните во актите на Законот за спорт и Статутот на КФМ за директно политичко инволвирање, туку денеска самиот си објави фотографија како го дава својот глас, секако за листата на „Србија мора да оди напред“ на претседателот Вучиќ.
Причина за критиките на домашна сцена е фактот што тој при давањето поддршка за политичка опција во туѓа земја ја потенцираше својата функција прв човек на КФМ, нешто што го направи и пред неколку години кога во име на македонската Куќа на кошарката на официјален меморандум ѝ ја честита на својата Црвена Звезда титулата во АБА-лигата.