„Академците“ од Кисела Вода врзаа два порази и веднаш си купија нов Американец!

Американскиот плејмејкер, Бре Ајви (25 години), е најновото засилување за Академија ФМП, која новата прволигашка сезона ја почна полошо од очекувањата односно со два стартни порази и тоа против Феникс и Пелистер.

Станува збор за кошаркар кој знае да игра на двете бековски позиции, а за кого ова ќе биде прво интернационално искуство. Тој доаѓа од Сан Хозе Стејт универзитетот, каде што просечно реализирал 8,8 поени, 2,7 скока и 2,5 асистенции.

Ајви се очекува наскоро да им се приклучи на новите соиграчи, а дебито да го има следниот викенд, кога „академците“ од Кисела Вода му гостуваат на Кожув, кој исто така почна со две „нули“.