За Владимир Путин би примил и куршум

Поранешниот прв човек во Формула 1, Берни Еклстоун, вели дека би „примил куршум“ за рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи според него тој е човекот кој треба да владее со Европа.

Ова не е првпат Еклстоун да покажува почитување кон рускиот претседател, со кого помогна Русија да добие Гран При трка во 2014 година.

Ако некој има автоматска пушка и е подготвен да пука во Путин, јас би застанал пред него. Зошто? Бидејќи тој е добар човек. Никогаш не направил нешто што не е добра работа за луѓето. Би сакал да го видам како ја води Европа. Ние немаме никој таков, така што не би можело да биде полошо. Тој го прави тоа што го кажува. Јас не сум поддржувач на демократијата, потребни ви се диктатори, вели Еклстоун во интервју за британски „Тајмс“.