За Алонсо нема дилема: Ферстапен e најдобар пилот во Формула 1

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо смета дека во моментот Макс Ферстапен е најдобар возач во најбрзиот циркус на денешницата.

Ферстапен на две трки до крајот на сезоната се наоѓа на четвртото место со 235 бода.

Тркачите не се случајно во Формула 1, затоа што тие се најдобри. Тешко е да се избере најдобриот меѓу нив. Од година во година, сè се менува. Секогаш треба да комбинирате различни вештини. Некои возачи се брзи во еден круг, додека други ќе започнат добро. Некои се стабилни, други се агресивни. Јас би рекол дека во моментов Макс Ферстапен е број 1. Го гледав особено внимателно оваа година. Ми се допадна да ги гледам неговите трки, бидејќи тој е секогаш агресивен. Никогаш не се задоволува со моменталната позиција и секогаш се стреми кон подобро место, истакна Алонсо.