Возачите на Ферари го пробаа новиот болид во Барселона (ВИДЕО)

Ферари денеска во Барселона го изнесе болидот на патеката, па Себастијан Фетел и Чарлс Леклер имаа шанса да го пробаат.

Фетел беше возачот кој помина повеќе време на патеката, а пред самиот крајот на неофициалното тестирање тоа го направи и Леклер, па во Ферари ги искористија дозволените 100 км.

Новиот Ферари утре ќе се вози на претсезонските тестирања, кои ќе траат од 18 до 21 февруари.

Новата сезона почнува за еден месец, односно на 17 март ќе се вози трката за Големата награда на Австралија.