Волф го носи „отпишаниот“ Шумахер во Мерцедес?

Младиот германски возач и син на легендарниот Михаел Шумахер, Мик остана без договор за следната сезона во екипата на Хас, а неговата иднина засега е непозната, иако пристигна интересен предлог од првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

Волф кажа дека постои шанса Шумахер да го гледаме и идната сезона во „најбрзиот циркус“ во светот, и тоа како резервен возач на „сребрените стрели“.

„Мик е некој кој секогаш бил во нашите срца, поради Михаел и цело семејство Шумахер. Би сакал да разговараме кога ќе го видам, но засега ништо не е договорено“, кажа Волф.

Хас претеходно му се заблагодари на Шумахер за соработката и на негово место идната сезона ќе вози Нико Хулкенберг, кој ќе му биде тимски колега на Кевин Магнусен.